Хипократова заклетва традиционално ја положуваат лекарите обврзувајќи се дека етички ќе ги извршуваат должностите од својата професија.
Научниците сметаат дека заклетвата ја напишал Хипократ, често нарекуван татко на медицината, или некој од неговите ученици во 12 век.
Денешната верзија на заклетвата е усвоена во 1946 година во Женева
Еве ја во целост:
ХИПОКРАТОВА ЗАКЛЕТВА
Во часот кога стапувам меѓу членовите
на лекарската професија свечено
се обврзувам дека својот живот
ќе го ставам во служба на хуманоста.
Кон своите учители ќе покажувам должна
благодарност и почитување.
Својата професија ќе ја извршувам
совесно и достоинствено.
Најголема грижа ќе ми биде здравјето
на мојот пациент.
Ќе ги почитувам тајните на тие
што ќе ми се доверат.
Со сета своја сила ќе ги одржувам честа и
благородните традиции на лекарската професија.
Моите колеги ќе бидат мои браќа.
Во вршењето на должностите кон болните
на мене нема да делуваат никакви обзири, вера,
националност, раса, политичка или класна припадност.
Од почетокот апсолутно ќе го почитувам
човечкиот живот.
И под закана нема да дозволам моите
медицински знаења да се искористат
спротивно на законите за хуманоста.
Ова го ветувам свечено,
повикувајќи се на својата чест.