Деновиве се бараат одговори на многу прашања поврзани со корона вирусот. Колку време вирусот преживува на различни површини? Како да го дезинфицирате својот дом, како да ја перете облеката, како да миете раце, како да ги чистите работните површини? А, што е со мобилниот телефон, што е со чевлите со кои сме биле надвор? Што станува со намирниците кои ги носиме од продавница? Како да се мие овошјето и зеленчукот?
На прашањата им нема крај, но последново поттикна многу други поврзани прашања. На пример, како да ги дезинфицираме јаболката, бананите, портокалите, а од тука се наметнува и прашањето што со зелката или брокулата?
Вода и само вода
Од самиот почекот на корона вирусот миењето на рацете се споменува како една од најважните мерки за спречување на ширење на вирусот. Затоа е многу важно да ги миете рацете темелно во времетраење од најмалку 20 секунди.
Во оваа насока, многумина се прашуваат дали и со какви средства треба да ја дезинфицираат храната што ја носат од продавниците.
Според експертите, првото нешто што треба да го направиме кога ќе се вратиме од продавница е да ги спуштиме на земја донесените работи и темелно да го измиеме рацете.
Што се однесува до овошјето и зеленчукот, треба добро да го измиеме со топла вода.
ПРЕПОРАКИ НА СВЕТСКАТА ЗДРАВСТВЕНА ОРГАНИЗАЦИЈА
Во однос на увезената храна, Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) даде одредени препораки. Иако овошјето и зеленчукот доаѓаат од други земји, Агенцијата соопшти дека нема докази дека храната може да биде извор или преносител на вирусот. Сепак, препорача голема внимателност.
Препораките на Светската здравствена организација за храна се следниве:
- сировото овошје и зеленчук добро измијте го (ризикот од зараза дополнително се намалува со термичката обработка)
- користете даски и ножеви при сечење сирова храна
- темелно измијте ги рацете откако ќе го допрете неизмиеното овошје или зеленчук
Сепак, најважниот чекор во спречувањето на корона вирусот останува миењето на рацете.
Во ситуации кога сапун и вода не ви се достапни, можете да користите средства за дезинфекција кои содржат најмалку 60% алкохол. Вирусот влегува во телото преку очите, носот и устата. Затоа, овие делови не ги допирајте со неизмиени раце.