Поаѓајќи од фактот дека нема поединец или семејства кои не се засегнати од кризата предизвикана поради пандемијата од вирусот COVID – 19 и водејќи се од своето основно начело “ВАЖНИ СЕ ЛУЃЕТО”, ХАЛКБАНК АД Скопје се огласува со понуда до сите свои клиенти – физички лица кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година.
Понудата се однесува на сите клиенти на Банката физички лица кои немаат нефункционална изложеност и истата опфаќа:
- Одлагање на отплатата на сите кредитни обврски (кредити, кредитни картички и дозволени пречекорувања на трансакциска сметка) за период од 6 месеци и продолжување на рокот на крајното достасување за дополнителни 6 месеци;
Појаснувања:
- Клиенти кои имаат кредитна изложеност во Банката со класификација А, Б и В редовни на датум 29.02.2020 година, се клиентите кои по која било основа немаат ненаплатени кредитни обврски подолго од 90 дена на датум 29.02.2020 година;
- Контактирајте ја Банката само доколку сакате да продолжите со плаќање со претходно договорената динамика и не сакате одложување, односно не ја прифаќате понудата;
- Доколку клиентот не ја контактира Банката во следните 10 дена за да се изјасни со негативен одговор за оваа понуда, истата се смета дека е прифатена и добива одложување на обврските без потпишување на анекси и доаѓање во Банката;
- Доколку клиентот има повеќе кредитни задолжувања, (доколку користи повеќе кредитни производи) истиот се стекнува со право за одлагање на ратите/каматите за секој производ;
- Редовната камата која ќе биде пресметана за одложениот период ќе биде доспеана на крајот на грејс периодот и истата ќе биде договорно регулирана;
-Трајните налози за подмирување на кредитните обврски ќе се деактивираат и нема да прават резервација на средства на трансакциска сметка, освен за клиентите кои што ќе ја информираат Банката дека нема да ја прифатат оваа понуда;
- За одлагањето на отплатата, односно за прифаќањето на оваа понуда од Халкбанк, клиентот треба да го извести и својот работодавач како истиот не би постапувал по административни забрани;
- Овaa мерка на Халкбанк е во важност до 30.09.2020 година и со барање во овој рок, клиентот може да ја смени првичната одлука за прифаќање/не прифаќање на понудата и дополнително да се изјасни за тоа дали сака да биде вклучен во користење на мерките или пак да излезе од истите и да се врати на редовна отплата;
- Истата одлука ќе се примени и за пензионерите со образложение дека иако пензиите ќе бидат исплаќани без застој индиректно се засегнати преку членови на нивните семејства. Молиме за членовите од семејствата да помогнат во информирање на Банката доколку пензионерите-членови на нивните семејства сакаат да продолжат со редовна отплата и не се во можност тоа да го направат самите;
- Доколку како клиент на Банката сакате да продолжите со својата отплата на кредитните обврски без престанок и измени, потребно е да нè известите за истото најдоцна до 05.04.2020 година со праќање на мејл порака до Covid19@halkbank.mk или со повик или мејл до матичната филијала (контактите на филијалите истакнати во продолжение).
Целосното известување можете да го прочитате ТУКА