Куи Јинхаи е сопственик на компанијата “Олмед Медикал Продактс” основана во епицентарот на коронавирусот – провинцијата Хубеи. Моментално тој е еден од бројните кинески тајкуни со бизнис во областа на медицинската и биотехнолошката опрема, а акциите на неговата компанија во изминатиот период се удвоија и го направија милијардер.
Блумберг објави дека од Ковид-19 на некој му процвета цело богатство. Се мисли на голем број азиски компании кои се занимваат со производство на медицински решенија како што се тестови за коронавирус и средства за лична заштита, а не се изоставени и научниците кои работат на развој на вакцини.
Ситауцијата е слична и на Западот. Така на пример, акциите на “Вир Биотехнолоџи” од Сан Франциско ја утростручија својата вредност за многу краток период. Оваа компанија инаку соработува со Националниот институт за здравство кога станува збор за коронавирусот.
Зголемувањето на акциите на компанија како “Олмед Медикал Продактс” може да биде знак дека инвеститорите се очајни за светла точка во глобалната економија, особено сега кога се чини дека на пандемијата не и се назира крајот.
Побарувачката за дезинфекциски средства, маски и медицинска опрема расте
Во клубот на милијардери се приклучи и брачниот пар Ли Венмеи и Ванг Јихуа кои благодарение на растот на акциите на нивната компанија “Гуангжу Вондфо Биотех“ се чини дека си ја обезбедија својата иднина. Пазарната вредност на нивната компанија од почетокот на годинава до денес е повисока за 40 проценти.
За жал, оваа неповолна состојба која трае веќе некое време, е всушност “поволна” за фармацевтските компании, милијардерите, но и за поранешниот доктор Ан Канг кој е претседател на компанија “Хауалан Биолоџикал Инженеринг” каде што е и сопственик на мнозинството од акциите. Неговата компанија во моментов работи на пронаоѓање на вакцина на Ковид-19, а во минатато, истата таа компанија ја направи вакцината против свинскиот грип H1N1.
Неодамна, кинеската влада го одобри истражувањето за “Ремдесивир” како нов антивирусен лек против коронавирусот. Дозволата и припадна на компанијата “Хангжу Тајгермед Консалтинг”, основана од Је Ксиаопинг, милијардер со диплома од Оксфорд. Оттогаш, профитот на неговата компанија се зголеми за 8 проценти.