Во трговијата на мало, во февруари 2020 година, во споредба со февруари 2019, е забележано зголемување на трговијата во повеќе групи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7,6%, а реално за 5,8%), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 10%, а реално за 9,7%), Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8,7%, а реално за 7,7%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 6,5%, а реално за 1,4%).