91% од анкетираните сметаат дека полицикиот час од 21 до 06 часот не е доволно ригорозна мерка
Направивме Facebook анкета во која го поставивме прашањето „Дали полицискиот час во траење од 21 до 06 часот е доволно ригорозна мерка?“
На анкетата одговорија повеќе од 3.400 фанови на нашата Facebook страна и најголем дел од нив - 91% сметаат дека полицискиот час не е доволно ригорозна мерка за заштита и борба против Коронавирусот.
Поделени беа мислењата, имаше такви кои сметаат дека треба да се воведе 24 часовен карантин и целосно ограничување на движењето, но и такви кои жестоко се спротиставуваат на оваа иницијатива, со образложение дека животот мора да продолжи и да се функционира и во вакви, вонредни услови.
Целосно ви пренесуваме дел од коментарите на Facebook:
Многу е лесно да се каже воведете 24 часовен карантин, но ви гарантирам дека после 3 дена повеќе работа ќе имаат на психијатрија отколку на инфективна клиника. Депресијата ќе го дотепа овој и онака напатен народ.
Државата нека ни дава храна, јадење и пиење и нема да излегуваме. Кој ќе не храни нас, кој ќе ни даде пари дали сте размислиле за оваа работа? Само сакате да се затвориме но кои ни се условите никој не не прашува...
А да седите дома доброволно за да нема потреба од воведување полисики час за недисципллинирани што не мислат на другите?
Нашиот коментар е: Да бидеме Во Вонредна ОДГОВОРНИ, да ги почитуваме мерките од надлежните, да мислиме позитивно и да се припремаме за поведрите денови кои следат!
Во тек е нашата нова анкета - Дали барате работа и би се вработиле и во вонредна ситуација? Ги очекуваме вашите одговори на ЛИНКОТ.