СЕ ЗАОКРУЖИ ТРЕТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ
Споредбено со првите две тримесечја зголемување има и кај бројот на корисници на апликацијата МојДДВ, и кај бројот на скенирани сметки, а со тоа и кај повратот на 15% ДДВ кај граѓаните. За првото тримесечје беа исплатени вкупно 186,215,194 денари односно 3,028,000 ЕУР, а за второто тримесечје се исплатија 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР.
Исплатата за месеците јануари, февруари и март ќе започне во мај 2020 година!
Управата за јавни приходи се уште врши исплата за првото и второто тримесечје на сите оние граѓани кои имале грешки во податоците а во меѓувреме истите ги ажурирале.