Според направената анкета на Вработување.ком а во врска со прашањето За време на вонредната состојба со Корона вирусот, што најмногу ве плаши?
33 % од испитаниците одговориле дека воопшто не се плашат од затекнатата ситуација туку едноставно чекаат сево ова да помине.
„Со дисциплина и седење дома може да се успее„- коментираат. „Да се држиме на дистанца„ а има и коментари кои велат дека нема потреба да се плашиме се ке помине..„Свеста да ни дојде на место па се ќе помине„ – е заклучокот на еден од анкетираните
Само 17 проценти се загрижени за своето работно место и ја одбрале опцијата Да не останам без работа. Најмногу ги плаши тоа дали ке земат плата иако одат на работа а неколкумина веќе добиле отказ.Но има и мотивирачки коментар кој вели ако останам без работа ке одам во маркет да работам таму има работа и во оваа состојба.
Најголемиот број односно 48 проценти како свој одговор ја одбрале опцијата Да не се разболам јас или некој мој близок
Коментарите кои пристигнаа се дека им е страв затоа што не му веруваат на здравствениот систем на нашата земја. Друг напишал дека здравјето едниствено нема цена и тоа е најбитно во моментов а има и такви кои се на работа па се плашат да не се разболат одејки кон работното место.
Недостатокот на продукти во маркетоте ги загрижува само 2 %
На нашиот сајт е веже новата анкета со едно од прашањата кое ги мачи многумина:
Што треба да се направи со киријата на затворените дуќани и фирми за време на кризата?
Вашите одговори ги очекуваме овде