
НАСА во февруари објави дека бара нови астронаути. Пријавувањето започна на 2 март и траеше се до 21 март. Американската вселенска агенција објави дека над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути. Летот е планиран за 2024 година.
Во 1960 година бил распишан првиот конкурс за астронаути каде биле избрани повеќе од 350 луѓе, а денес НАСА има само 48 астронаути.
Кој може да се пријави да биде астронаут?
Првиот услов е да бидете државјанин на САД, но сега кандидатите можат да имаат и двојно државјанство. Втор услов е да имате високо образование, односно магистетски студии по природни науки или математика. Можат да аплицираат и лекари и кандидати што имаа лиценца за пилот.
Бараните квалификации и вештини не завршуваат тука. Покрај образованието, потребни се 2 години професионално искуство или минимум 1000 часа летање како главен пилот во авион.
По пополнувањето на апликацијата, задолжително следи физички преглед. Доколку бидат избрани, на кандидатите им следуваат 2 години обука и процена.
Двете години вклучуваат воена обука за опстанок, роботика и совладување на рускиот јазик.