На разговор за работа во технолошкиот гигант Apple кандидатите добиваат многу необични и збунувачки прашања.
Apple важи за една од најпрестижните компании во светот па затоа речиси и да не постои човек кој не сака да работи таму. Но, за да се вработите таму, мора да ги покажете своите знаења и вештини, а пред се треба да го поминете интервјуто.
Според Business Insider, Apple покрај техничките прашања кои се тест за знаењето на кадидатот, поставува и чудни загатки за на тест да ја стават логиката на истиот тој кандидат.
Ова се само дел од тие прашања:
- Имаме шолја топло кафе и малку студено млеко од фрижидер, а собната температура е помеѓу температурата на овие две напитоци. Кога треба да додадеме млеко во кафето за да го добиеме највкусното кафе?
- Кој суперхерој сакате да бидете и зошто?
- Објаснете му на дете од 5 години што е RAM.
- Нацртајте ја внатрешната архитектура на iPhone.
- Набројте 5 начини за мерење на количеството бензин во автомобилот.
- Ако имате 2 јајца и сакате да дознаете кој е највисокиот спрат од каде што може да ги пуштите без да се скршат, како би го провериле тоа? Што е оптималното решение?
- Како ќе ја намалите цената на ова пенкало?
- Колку деца се раѓаат секој ден?
- Имате 100 парички поставени на масата. 10 од нив се со лицето нагоре, а 90 со опачината. Не можете да чувствувате, гледате или на било кој друг начин да дознаете која страна е нагоре. Поделете ги паричките во две купчиња во коишто ќе има подеднаков број на парички свртени со лицето нагоре.
- Имате три кутии, од кои во едната има само јаболки, во другата има само портокали, а во третата има и јаболки и портокали. Кутиите се погрешно етикетирани, така што ниту една од етикетите не наведува на тоа што има во кутијата. Отворајќи само една кутија, и без да гледате во неа, земате едно овошје. Гледајќи во него, како веднаш ќе дознаете која етикета на која кутија ѝ припаѓа?
- Сценарио: Се соочувате со лут муштерија кој чекал за помош во текот на изминатите 20 минути и предизвикува конфузија. Тој тврди дека едноставно ќе замине во Best Buy или Microsoft Store за да си го набави компјутерот што го сака.
- Дали се сметате за паметен?
- Ставате чаша вода на плочка и почнете полека да ја зголемувате брзината. Што ќе се случи? Чашата ќе се лизне, ќе се преврти или пак водата ќе се излие од неа?
- Опишете некое понижувачко искуство.
- Изгледате прилично позитивно, што може да ви го расипе расположението?
- 62-63=1; променете само еден елементи (цифра или знак) за исказот да биде точен.
- Како би го испланирале патувањето за своите колеги во Северна Кореја?
- Како би го тестирале тостерот?