Дали сте знаеле дека постојат 10 типови на карактери во деловниот свет? Прочитајте го описот на секој од нив и кажете ни кој тип сте вие.
Состанокот е одлично решение кога имаме нешто да размениме, дискутираме или одлучиме заедно со нашиот тим. И додека е тешко да се наброи какви се личности можат да се најдат на состанокот, постојат 10 најчести типови на луѓе на кои може да налетате:
Конфликтен – на сите им реплицира и опонира. Често знае да приговара, а многу лесно тоа може да премине и во лична навреда.
Професионален соговорник – сака да се слушне себеси кога зборува, а зборува премногу долго. Под паролата демократија и слобода на говор го брани своето право да дискутира за било што, било како и било кога.
Гњаватор – зборува долго, нашироко и го повторува тоа што другите веќе го кажале – помалку или повеќе со други зборови. Се оддалечува од темата и постојано нешто или некого надополнува.
Ситничар – постојано се навраќа на некој детаљ кој за него е спорен, а на другите им е веќе разрешен и јасен.
Негативец – го побива придонесот на другите учесници во дискусијата, не и дава значење на тимската работа и не се согласува со никого.
Плашливко – нема самодоверба, иако има доволно знаење. Затворен е во себе, ретко зборува и секогаш се плаши на некој да не му згреши.
Вообразен – секогаш е во првиот ред и намерно доцни за сите да го забележат. Мудро молчи, но често сака да озборува со своите колеги.
Подбуцнувач – обожава да поставува прашања и да игра на тенок лед.
Човек слика – најчесто молчи, помалку или повеќе незаинтересирано следи што се зборува на состанокот, а се активира после состанок со различна интерпретација на целата дискусија.
Конструктивец – добро соработува како соговорник, ги почитува сите учесници во дискусијата и не ги изнесува грешките доколку не знае како да се решат. За жал, на мнозинството состаноци овие луѓе не можат да се забележат.