
Би Би Си наведе неколку земји кои имаат голема шанса да ја одржат економската стабилност и покрај кризата предизвикана од коронавирусот
Десет држави со најголеми шанси за брзо закрепнување се Норвешка, Данска, Швајцарија, Германија, Финска, Шведска, Луксембург, Австрија, земјите од Централна Америка и Велика Британија.
Високо на листата се Сингапур, САД, Руанда и Нов Зеланд.
Сингапур има навистина моќна економија, низок политички ризик, добра инфраструктура и низок степен на корупција.
Руанда има голем скок во индексот последните неколку години, односно својата позиција ја подобри за 35 места на листата и сега го зазема 77. место во светот.
Нов Зеланд брзо го запре ширењето на вирусот, затворајќи ги границите за меѓународни патници на 19. март.
Од регионот најдобро рангирана е Хрватска.
Таа се најде на 37-то место, потоа следи Словенија (42), Грција (56), Србија (63), Албанија (95).
Македонија на оваа листа е на 100-то место.