Владата денеска ја донесе Уредбата со законска сила за примената на Законот за извршување на санкциите за време на вонредна состојба, согласно која се одлага извршувањето на упатните акти за извршување на казната затвор на лица осудени на казна затвор до три години и тоа до 1 септември 2020 година, освен за предметите каде постои опасност за застарување на казната.
Исто така, до 1 септември 2020 година се одлага извршувањето на упатните акти кои се веќе доставени до казнено-поправните установи, освен за упатните акти за кои се веќе издадени меѓународни потерници.
Додека, лицата кои се наоѓаат на издржување на мерка притвор по правосилноста на пресудата веднаш се упатуваат на издржување на казната затвор.
„Предлог Уредбата се донесува заради заштита од ширењето на болеста Ковид-19 (коронавирус) во казнено-поправните установи“, стои во владиното соопштение.
извор: a1.on.mk