НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.
За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:
Технички специјалист за безбедносни системи
Главна цел на работното место е инсталација, одржување и контрола на техничките безбедносни системи (видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап).