
Извршниот директор на хрватскиот трговски ланец Pevex, Јурица Ловринчевиќ, до Надзорниот одбор доставил барање за намалување на неговата плата, како резултат на кризата предизвикана од епидемијата Ковид -19.
Тој потпиша договор според кој од 1 април 2020 година ќе му се исплати месечна плата од 520 евра, колку што изнесува најниската плата во Pevex.
“Јасно е дека споменатото намалување нема да има значителни финансиски ефекти за компанијата, но, пред сè, тоа е симболична порака дека интересите на компанијата се пред сопствените интереси. Со овој потег на солидарност, сакам да покажам како, особено во овие времиња на криза, Pevex е зад сите свои вработени и дека сите сме заедно во тоа“ рече Ловринчевиќ.