Една земја во светот успеа за само десет дена да покаже дека преземените мерки во борбата против корона вирусот имаат ефекти. Станува збор за Нов Зеланд.
Пред помалку од две недели презедоа строги мерки, како забрана за бањање и одење на плажа и на граѓаните им е речено да не прават ништо што би можело да ги оптoвари итните служби.
Луѓето шетаат и возат велосипеди во своите маала, во продавниците се оддалечени еден метар едни од други и влегуваат во продавница едне по еден, а како и остатокот од светот ги утврдија мааните на школувањето од дома.
Два дена со ред се намалува бројот на нови заболени од корона вирусот. Бројот на опоравени во вторникот бил 65, а бројот на новозаболени бил 54. Во земјата има вкупно заразени 1.160 луѓе, а четири се во тешка состојба.
Премиерката Јасинда Арден сепак е одлучна дека Нов Зеланд треба да помине четири недели во карантин пред сериозно да се олабават мерките. Но, која е нивната тајна што за толку кратко време успеаја да ја исконтролираат кривата на заразата?
Границите на земјата се затворени на 19 март, а два дена подоцна премиерката ја објави борбата против заразата која вклучува четири фази, а последната е целосен карантин. Неколку часа пред полноќ на сите граѓани им стигнала порака на телефон: „Однесувајте се како да имате КОВИД-19. Тоа ќе спаси животи. Да ја одиграме сите својата улога и да се обединиме во борбата против COVID-19”.
Се почувствувала грижа за колективното добро. Полицијата била затрупана со повици за пријавување луѓе кои ги кршат правилата. Од 2 април натаму бројот на новозаболени почнал да паѓа.
Пристапот на Нов Зеланд е поинаков од останатите земји и додека западните земји се обидуваа да го забават ширењето на болеста и да ја ублажат кривата, Нов Зеланд целосно ја исправи. Премиерката Арден изјави дека размислуваат за воведување задолжителен карантин за жителите на Нов Зеланд кои се враќаат во земјата.