Забрането движење за време на следниот викенд вклучително и понеделник - одлучи Владата на денешната седница. Впрочем полицискиот час почнува од петок 17 април во 16 часот, до вторник 21 април во 05 часот. Во тој период се забранува движењето за сите граѓани, објави премиерот Оливер Спасовски
Останува активна забраната за движење за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден.
Дополнително, од четврток 16 април 16 часот, до вторник 21 април 05 часот, се забранува движење на сите излетнички места, паркови и шуми низ целата држава.
За лицата над 67 годишна возраст останува активна забраната во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие граѓани има целосна забрана.
За сите лица до 18 години останува активна забраната за движење во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот. Во понеделник, 20 април, за овие лица има целосна забрана.
Останува активна забраната за движење на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.
Полициски час за Велигден - Еве кој сепак ќе може да се движи
Aktualno
-
Радијаторите ладни утрово во скопски Центар - Проблемот со парното не е решен
Иако вчера од ЕСМ Снабдување со топлина информираа дека во најкус можен рок е нормализирана испораката на парно за граѓаните од Скопје, делови од главниот град се уште имаат ладни радијатори. Жители на скопски Центар од утрово се со ладни радијатори.
-
Сараево запечатено во смог – прогласена вонредна состојба
Воздухот во Сараево е опасен по здравјето, загадувањето е поголемо отколку во главните градови на Бангладеш и Пакистан, пишуваат босанските медиуми, а Владата на кантонот Сараево вчера прогласи вонредна состојба.
-
Програмерите остануваат најплатени во земјава, просечна плата од 1.570 евра
Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава.
-
Apple повторно е највреден бренд во светот, NVIDIA во топ 10
Apple и понатаму е на врвот како највреден бренд во светот, покажува најновиот извештај на Brand Finance, водечката консултантска компанија за вреднување на брендови.
-
Во 2024 забележан раст на комерцијалните летови во ЕУ: Кои аеродроми се на врвот?
Во 2024 година, во ЕУ се регистрирани 6,7 милиони комерцијални летови, и забележан е раст од 5,8 проценти во споредба со 2023 година кога биле остварени 6,3 милиони летови, објави европскиот статистички центар „Евростат“.
-
Цените на какаото и кафето ќе останат нестабилни и оваа година
Цените на какаото и кафето скокнаа за околу 180% и 70%, соодветно, во 2024 година, поттикнати од прекините на синџирот на снабдување, неповолните временски услови и растечката глобална побарувачка.