Илјадници продавници во Австрија повторно почнаа со работа вчера и земјата е една од првите во Европа кои ги олабавуваат сторгите мерки за стопирање на ширењето на корона вирусот. Но, австриската влада и понатаму на населението му потенцира дека не се спасиле целосно од оваа пандемија.
Досега земјата има вкупно 368 починати, што е помалку отколку што некои други европски земји имаат во само еден ден. Дневно се појавуваат по само неколку нови случаи на заболени и се стабилизираше ситуацијата со хоспитализирањето.
„Економски, сакаме да излеземе од кризата што е можно побрзо и да се бориме за секое работно место во Австрија”, изјави канцеларот Себастијан Курц, кој е на чело на партијата на Зелените
Минатата недела тој претстави детален план за повторно отворање на делови од економијата, почнувајќи со продавниците кои имаат површина до 400 квадратни метри, што е двапати повеќе отколку едно тениско игралиште, како и на некои центри за реновирање на домот и градинарство. После нив ќе следуваат шопинг центрите, поголемите продавници и фризерниците почнувајќи од 1 мај. Рестораните и хотелите прогресивно ќе се отвораат од средината на мај.