Се забранува целосно автомобилскиот и комплетно патничкиот сообраќај за влез и излез од Софија.Ова е одлучено вечерва на состанокот на тамошниот Кризен штаб за решавање на проблемите со Ковид-19
Во него учествуваат министерот за здравство Кирил Ананиев, министерот за внатрешни работи Младен Маринов и претседателот на штабот проф. Д-р Венцислав Мутафчииски.
Уште од вчера се размислувало за ова бидејќи граѓаните масовно почнале да ја напуштат Софија која е најголем центар на КОВИД-19.Со ова правејќи проблем да се пренесе вирусот низ целата земја. Во очи Велигден Кризниот штаб се соочил голема граѓанска непослушност иако имало препораки да не се патува никаде над 5000 автомобили кои тргнале да ја напуштат Софија вчера и денес биле непријатни и дрски кон полициските контроли кои не ги пропуштиле.
-Разочаран сум од односот на граѓаните кон полицијата. Колку пати повторивме и побаравме да не патуваме. Мислам дека веќе си играте со нашето трпение. Во другите регионални градови, сообраќајот е многу помалку и луѓето ги следат мерките. Исто така, има многу помалку заразени. Очигледно луѓето таму подобро ја разбираат сериозноста на проблемот “ отколку во Софија изјави тамошниот министер за внатрешни работи Младен Маринов.
За тоа е одлучено комплетно да се затвори и забрани излегувањето и влегувањето во градот.Движењето во градот останува нормално
Одлуката останува на сила до следната информација