Инсталација на папучи изработени во рамки на уметничката акција „Седете дома” е поставена на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Неколку автори работеа етапно и одвоено на инсталацијата, која е поставена за да им порачаат на граѓаните дека периодов треба да останат дома.
__
– Уметничката акција „Седете дома“ е наменета да им помогне на граѓаните да истраат во физичката изолација и сведувањето на излегувањето на минимум во овие мигови кога изолацијата е можеби најефикасното средство за борба против епидемијата. За претстава на оваа интервенција ги избравме папучите кои претставуваат синоним за останување дома, како неизбежен дел од „домашната мода” за време на изолација – образлагаат авторите на инсталацијата.
__
Со оваа акција, како и со претходната акција „Држете растојание”, овие уметници сакаат да ги охрабрат граѓаните да издржат во битката со корона вирусот, но и да покажат дека уметноста и културата и во овие тешки моменти се со граѓаните.
__
– Сите мора да бидеме_ сплотени за да си го вратиме животот во нормала. Како и претходно и оваа акција ја посветуваме на здравствените работници кои секојдневно се жртвуваат за подобро утре за сите нас – порачуваат авторите.
Мета.мк