„Доста беше со трошење пари на спектакли и „брза“ мода.Тоа е неморално-рече Џорџо Армани во писмото испратено до WWD Women’s Wear Daily, кое е едно од најпочитуваните и најценети списанија во овој сектор
„Падот на системот во светот на модата, како што го знаеме, започна кога секторот за луксуз усвои т.н. оперативни мерки. Брза мода со циклуси кои вклучуваат континуирана испорака, со надеж дека ќе се продаде и заработи што е можно повеќе ... Не сакам повеќе да го правам тоа на тој начин, тоа е неморално “, напиша Армани, додавајќи дека нема смисла облеката што стои на излог во продавницата повеќе од три недели да станува застарена и треба да се замени со нови модели кои не се толку различни од оние што ги заменуваат.
Џорџо Армани: Неморално е да се троши
„Јас нема да го правам тоа, тоа е, повторувам, неморално. Отсекогаш верував во идејата за елеганција без време, дека создавам облека што нема рок на траење и нема да ја изгуби важност во иднина. Од истата причина, сметам дека е апсурдно што гледаме летни ленени облеки во излозите во текот на зимата, а капути се изложени во текот на летото. Кој купува облека за да ја стави во плакарот и потоа да чека да дојде вистинската сезона и да ја облече? Никој или навистина малку луѓе, барем мислам така, но овој систем тоа ни го наметна. Т.н. стоковната куќа стана доминантен менталитет “, објаснува модниот дизајнер, истакнувајќи дека овој модел не е во ред, дека е неопходно да се промени како функционираат работите.
„Ова треба да се заврши што е можно поскоро. Оваа криза е прекрасна можност да се забави сè, да се пресметаме сите и да се исцрта иднина што ќе биде похумана и автентична. Оваа криза е шанса да ја вратиме изгубената вредност на она што е автентично “, пишува Армани и продолжува:„ Имаше доволно шпекулации, има многу отпад. Јас веќе три недели работам со мојот тим за кога ќе заврши изолацијата, летната облека да ја доставам и таа да останува во продавница до почетокот од септември, како што е природно. Така ќе работиме од сега па натаму “.
„Имаше многу игра со модата како медиум за комуникација, имаше доволно модни ревии ширум светот само за да покажеме некои избледени идеи. Доста беше со големите спектакли:Кои денес сме свесни биле : несоодветни и вулгарни. Доста е веќе со ревиите по целиот свет на кои се оди загадувајќи ја планетата, доста беше со расфрлување на парите за сите тие скапи спектакли тоа се само потези со четкичка која става глазаура преку нешто што не постои.
.„Моментот во кој живееме е турбулентен, но тоа ни дава шанса, единствената според мене, да го поправиме тоа што не е во ред, да отстраниме сè што е површно, за конечно да ја најдеме човечката димензија“, заклучи дизајнерот, велејќи дека ова е најважната лекција во ова криза