Британски експерт смета дека коронавирусот сè уште е нов и неистражен, па оттаму предвремената вакцина против Ковид-19 би можела да направи повеќе штета отколку корист.
Главниот научен советник на британската влада, сер Патрик Валанс, вели дека светот не би требало премногу да се потпира на вакцина во борбата против пандемијата на коронавирусот.
Тестирањето за потенцијална вакцина на луѓе е предвидено да започне оваа недела, а Валанс смета дека е многу рано за да се прослави победата над пандемијата.
Тој вели дека сè уште нема докази дека вакцината би можела да нè заштити од коронавирусот и дека ќе треба да помине многу време пред да се утврди дека таа е безбедна за употреба.
Ова е особено важно бидејќи е даден предлог прво да се тестираат на лица со поголем ризик од инфекцијата, како што се на пример здравствените работници.
Валанс изрази загриженост дека вакцината би можела да го промени имунитетниот систем на личноста и да биде уште поопасна за здравјето на поединците.
Вакцината мора да биде ефикасна, но и безбедна за здравјето, вели тој.
Валанс предупредува дека пред да се оди на масивно вакцинирање, потребно е да се истражи како нашиот имунолошки систем може да се справи со Ковид-19.
Избор: Мондо