Џорџија ќе стане првата држава што постепено ќе почне да ја „одмрзнува“ својата економија, пренесува „Зеро Хеџ“. Одлуката, објавена од гувернерот Брајан Кемпе, беше објавена вчера, а мерките ќе стапат во сила овој петок, откако нема да се продолжи вонредната состојба.
Следниот понеделник, дури и рестораните, кината, салоните за коса и спортски сали ќе се вратат на работа. Значи, во пракса, државата е прва што го најави отворањето на стопанството како „Фаза 1“ од федералните регулативи.
Не е изненадувачки што одлуката за најбрзо укинување на регулативата е критикувана на социјалните мрежи, при што некои велат дека смртноста во Џорџија не ги исполнува барањата за почеток на „фаза 1“ од регулативата.
Во исто време, гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, рече дека Центарот за контрола и превенција на болести во државата ќе назначи десетина специјалисти во секоја држава за да следат кои луѓе контактирале со пациенти. Целта е да се тестираат и лицата за контакт.
Њу Џерси нема да ја отвори својата економија засега и според Марфи, тој нема да ја донесе одлуката „во вакуум“.