Со пролетта стигнуваат и поблаги временски услови, алергените се ослободуваат, што значи дека доаѓаат алергиите.
Дрвјата и тревата се најчестите причинители на пролетна алергија, а скоро 30% од светското население пати од овие симптоми. За борба со сезонските алергии најчесто се користат лекови препишани од доктор.
Оваа пролет светот се соочува со невидена пандемија на новиот коронавирус кој ги напаѓа дишните патишта, па наместо да ве фаќа паника дали имате COVID-19 или класична пролетна алергија, погледнете го ова видео и научете ги разликите во симптоми.