Согласно новата одлука на Владата полицискиот час од понеделник до петок да започнува од 19:00 и да трае до 05:00 часот, маркетите од денеска работат со ново работно време.
Веро Маркети ќе работат од 07:00 до 18:00 часот од понеделник од петок, а во сабота работното време е од 07:00 до 14:00 часот.
Во соопштението на Рамстор стои дека од 23.04 ќе важи новото работно време од 08:00 до 18:00 часот од понеделник до петок, а во сабота маркетите ќе бидат отворени еден час порано (во 07:00 часот) и ќе работат до 14:00 часот.
Киппер објави дека маркетите ќе работат од 07:00 часот од понеделник до сабота, со тоа што работното време од понеделник до петок завршува во 18:00 часот, а во сабота во 14:00 часот.
Исто работно време има и Тинекс, односно од 07:00 до 18:00 часот од понеделник до петок и од 07:00 до 14:00 часот во сабота.
Кит-Го Маркети информираа дека во согласност со новата одлука, работното време од понеделник до петок ќе биде од 08:00 до 18:00 часот, а маркетите во Скопје ќе работат до 17:00 часот. Во сабота, работното време во маркетите на Кит-Го ќе започне во 08:00 часот и ќе заврши во 14:00 часот, со исклучок на маркетите во Скопје каде ќе заврши половина час порано (во 13:30 часот).
За ново работно време известуваат и од Жито Маркети каде за време на работните денови ќе се работи до 18:00 часот (во маркетите низ Скопје до 17:30 часот), а во сабота работното време ќе биде до 14:00 часот (во маркетите низ Скопје до 13:30 часот).
Кам Маркет од понеделник до петок ќе работи од 07:00 до 18:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот.
Стокомак ги извести потрошувачите дека новото работно време од понеделник до петок ќе биде од 07:00 до 18:00 часот, а во сабота од 07:00 до 14:00 часот.