
Тлото во Охридско-преспанскиот регион не мирува.
По речиси една година од почетокот на минатогодишните земјотреси кои беа со различна јачина и се случија повеќе пати, вечерва повторно земјата се тресеше во преспнаско-охридскиот регион и тоа во неколку наврати.
Првиот земјотрес според ЕМСЦ беше почуствуван во 00 часот и 50 минути на четири километри од Косел, а беше со јачина од 3.2 степени според рихтер.
Потоа следуваа уште два земјотреси едниот само десет минути подоцна односно во 1 часот по полноќ со јачина од 3.2 степени, додека другиот со јачина од 2.6 степени според рихтер во 1 часот 22 минути.
sky.mk