Од почетокот на пандемијата, продажбата на американскиот моден бренд Примарк падна на нула бидејќи компанијата мораше да ги затвори своите продавници низ Европа и САД.
Брзо-модниот гигант Примарк, кој пред пандемијата на коронавирусот продаваше стока во вредност од 650 милиони фунти месечно, сега се соочува со пад на продажбите на нула бидејќи претходно беше принуден да ги затвори своите продавници низ Европа и САД.
Примарк не е единствената компанија што признава дека се бори да преживее за време на пандемијата. Модниот ланец Џон Левис отпушти илјадници вработени, а Кет Кидстон ги затвори своите продавници засекогаш.
Компанијата сопственик на Примарк, Асошиејтед Бритиш Фудс, се нашла на патот на пандемијата, рече еден од нејзините директори Џорџ Вестон.
Доколку Примарк не добиеше финансиска поддршка во некои европски земји, голем дел од нејзините вработени досега ќе ги загубеа своите работни места, јавува ББС.
На месечно ниво, продававме стока во вредност од 650 милиони фунти, а сега бидејќи ги затворивме нашите продавници од 22 март продажбата е сведена на нула, рече Вестон.
Посакувам да можеме да ги отвориме нашите продавници, но знам дека тоа не е можно додека не ја сузбиеме оваа болест, додава тој.
Основана во 1969 година, Примарк нема онлајн продавница, а нема ниту click-and-collect услуга за своите производи. Причната за ова беше фактот дека тие не можат да ги задржат цените на нивните производи исти доколку започнат со испорака.
Кога конечно ќе ги отворат своите продавници, Вестон е подготвен да направи работите да изгледаат поинаку, почнувајќи од фактот дека помалку луѓе ќе можат да купуваат.
Загубите ќе ги надополниме со текот на времето, но не можеме да ги вратиме луѓето без кои останавме, додаде тој, оддавајќи им почит на вработените во неговата компанија кои ја загубија битката со коронавирусот.