Од денеска полицискиот час почнува од 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. Но во петок 1 мај, денот на трудот, неработен ден кој секоја година граѓаните го користат за излети и пикници.
Тој се паѓа во петок, но засега не се знае дали и тој ќе го минеме во карантин. Треба да се има предвид дека за Велигден полицискиот час беше продолжен за еден ден и тоа беше најдолг полициски час досега кој траеше 85 часа.
Властите сѐ уште немаат официјален одговор како ќе се организира следниот викенд.
Министерот за здравство, Венко Филипче вчера рече дека дали 1 мај ќе го минеме во карантин ќе се знае од однесувањето на граѓаните во следните неколку денови, со оглед на тоа што тој посочи оти не се почитуваат мерките за задолжително носење маски.
-Ќе анализираме какво ќе биде однесувањето на граѓаните деновиве, дали се почитуваат тие мерки за задолжителна дистанца, носење на маските кога не може да се одржи и врз основа на тоа ќе донесеме одлука како ќе биде организиран следниот викенд, рече Филипче.