Министерството за образование и наука интензивно работи на тоа како ќе се организира школската година, но за следната учебна година. Малку е веројатно дека учениците ќе се вратат во училишните клупи до јуни.
Министерот за здравство Венко Филипче вели дека Комисијата за заразни болести има подготвено препораки како да се организира наставата и други едукативни процеси. Инаку, се очекува на денешната владина седница министерството за здравство да предложи оваа година да не се полага државна матура, додека приемот на студентите на факултетите да се одвива според постигнатиот успех во текот на школувањето, додека на факултетите каде ќе има поголем интерес да се спроведе прием испит.