Amazon дозволува работа од дома до втори октомври
Компанијата Amazon на своите вработени им овозможува да работат од дома до втори октомври, пренесуваат светските медиуми.
Од компанијата наведуваат дека оние вработени кои ефикасно може да ја извршуваат работата од дома, тоа ќе можат да продолжат да го прават најрано до втори октомври.
Сепак, од Amazon не ја прецизираат точната бројка на луѓе кои би можеле да останат и да работат од дома. За сите останати, кои мора да доаѓаат на работа, од Amazon велат дека ги преземаат сите мерки за безбедност на вработените со цел да се спречи ширење на коронавирусот.