Вонредната состојба која првично беше донесена на 16 март траеше 30 дена Потоа на истекот на тие 30 дена односно на 16 април на Советот за безбедност кај претседателот Стево Пендаровски, донесена беше одлука за прогласување на нова вонредна состојба што ќе трае во следните 30 дена.Односно до 16 мај.
После истекот на вонредната состојба ќе треба да се разгледа што понатаму и за тоа дали би ја продолжила за нови 30 дена, со оглед на тоа што вторите 30 дена истекуваат на 16 мај.
.Претседателот Пендаревски во гостување на емисијата 360 степени го кажа следново:
-Ако трендовите се навистина позитивни, дај боже, со цело срце посакувам така да биде, и ако ситуацијата во таа смисла здравствена, со Ковид-19 се смирува, јас ќе размислам два пати дали ќе бидам единствениот кој ќе продолжува – 30, плус 30, плус 30 и така до крајот на годината. Не сум сигурен дека ако трендовите во однос на Ковид се стабилизираат и генерално попуштаат и според првичните проценки и мерките за ограничување на движење, за реотворање постепено на бизнисите, не сум сигурен дека и во таква ситуација ќе решам – еве ви нови 30 дена, еве ви нови 30 дена и не се секирајте, јас постојано ќе давам нови 30 дена, бидејќи вторите 30 дена беа дадени или утврдени затоа што мораше, истакна шефот на државата.
Во емисијата Претседателот се осврнаа и на донесените уредби дали ќе важат откако состојбата ќе стане редовна..
Не би сакал да им наметнувам нови задачи од областа на правото на овие што се правници од власта и од опозицијата, меѓутоа, постои размислување дека уредбите со законска сила важат додека важи вонредната состојба. Потоа, за да евентуално продолжат да важат треба Собранието да ги потврди. Ако ги потврди ќе продолжат да важат, ако не, нема да важат. Тоа е едно од правните мислења кои ми го кажуваат, ми го советуваат тие што мене ме советуваат во правната сфера. Не велам дека тоа е дефинитивна вистина, меѓутоа, само сакам да го кажам тоа, истакна шефот на државата.
Пендаровски истакна дека уредбите кои ги носи Владата имаат сила на закон, но и дека Владата има законодавна моќ само додека има вонредна состојба.
-Само во вонредна состојба Владата може да носи уредби со законска сила. Не во некои регуларни парламентарни времиња. Што е кај нас проблемот? Парламентот никако да се состане бидејќи неговиот прв човек смета дека тој е дефинитивно распуштен, зачудувачки е што и главната опозициска партија смета дека не треба да биде оживеан парламентот кадешто би можела да има поголема парламентарна контрола, вели претседателот на државата.
Целиот текст ОВДЕ