Компаниите чии вработени работат за празник се должни да исплатат празнична дневница.
Работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата.
Според Законот за работните односи, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот државен инспекторат за труд.
Тоа го посочија и од МТСП кои во пресрет на Меѓународниот ден на трудот ги потсетија работодавачите на законската обврска за исплата на празнична дневница за вработените кои ќе бидат ангажирани на празникот.
Секое прекршување на регулативата, наведуваат оттаму, работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на адреса на е-пошта poplaki@dit.gov.mk