Заменик директорката на Институтот Батут, Дарија Кисиќ Тепавчевиќ, изјави дека коронавирусот во Србија продолжува да слабее, а тоа го покажуваат најновите бројки за последните 24 часа каде околу 2.5 проценти од тестираните биле позитивни на Ковид-19.
Трендот што го забележавме во изминатите денови продолжува и во прилог на овие поволни епидемиолошки индикатори гледаме дека активноста на вирусот слабее, изјави Кисиќ Тепавчевиќ за Б92.
На тоа покажува и податокот дека има се помалку и помалку позитивни луѓе, а се намалува и бројот на луѓе кои се ставени на респиратор.
Исто така, таа додаде дека во земјата има се поголем број на излечени пациенти, како и заболени со благи симптоми и асимптоматски случаеви.
Сето тоа, според неа, е индиректна индиција дека вирусот слабее и дека неговиот период на инкубација е продолжен.
Кисиќ Тепавчевиќ информираше и дека вчера започнала студијата во која ќе бидат опфатени 17.000 испитаницин на кои ќе им биде утврдено нивото на антитела на коронавирусот, како и тоа дека во првата фаза ќе бидат тестирани 1.000 луѓе.
Семејствата кои ќе бидат избрани да учествуваат во студијата ќе имаат корист од неа бидејќи ќе дознаат колку се отпорни на новиот коронавирус.
Студијата ќе го мери нивото на антитела, но се уште е непознато колку долго може да трае тој имунитет – дали цел живот или најмалку 18 месеци како што покажаа некои истражувања во Кина.