Милиони Британци ќе се вратат на работа под посебни услови, го открива владиниот план што вчера излегол во јавноста.
Министрите во Велика Британија во голема мерка ги подготвуваат условите луѓето да се вратат на работа, а документите што се појавија во јавноста покажуваат колку сè ќе се промени, а таквата состојба ќе трае најмалку една година.
Според документите, на работодавците ќе им биде наредено да ги затворат кантините и сите други собири на работниците, додека на вработените ќе им се советува да донесат ручек од дома.
Покрај тоа, смените ќе бидат организирани поинаку со цел да се избегне сообраќаен метеж и метеж во јавниот превоз. Пристапот до машини каде се собираат повеќе работници во компанијата, како што се копир машини, ќе биде ограничен.
Луѓето во канцелариите веќе нема да седат еден до друг, туку едни покрај други, а сите подови ќе бидат залепени со знаци што ќе ги потсетат работниците да одржуваат растојание од два метра.
Повеќе нема да се дозволи неколку различни работници да користат иста работна маса и компјутер (да речеме, работник во смените во утринските и попладневните часови). Не само тоа, на работниците нема да им биде дозволено, како што пренесува Дејли Меил, дури и да позајмуваат пенкала едни од други.
Со толку строги мерки, милиони работници за кои е можно ова, ќе продолжат да работат од дома колку што е можно подолго.
Покрај тоа, компаниите планираат за особено ранливи групи, како што се работници во седумдесетите години, бремени жени и екстремно дебели луѓе, да работат од дома – па дури и ако нивното работно место не го дозволува тоа, во тој случај за нив ќе се најде нова улога во компанијата.
Според овие документи, британската влада смета дека оваа состојба ќе трае помеѓу шест и 12 месеци, а после тоа тие се надеваат дека ќе се вратат во нормала.