Наскоро ќе почнат со работа кафулињата и рестораните.
Комисијата за заразни болести ги привршува протоколите за постепено враќање во нормална функција за клиниките, за враќање на работа на јавната администрација, за отворање на градинките како и на економските оператори и субјекти, до крајот на неделава треба да бидат готови, а веќе од следната недела и да почнат да функционираат.
Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата во Владата.
„Рестораните и кафулињата ќе почнат да работат на отворено. Во однос на отворањето на градинките, сѐ уште траат консултациите на експертската група и се подготвува посебен протокол, со оглед на тоа дека децата може да бидат трансимисија на коронавирусот. Тие ќе мора да бидат во функција кога сите ќе се вратат на работа“, додаде тој.
Протоколите се однесуваат и на автошколите, едукативните центри и библиотеките.