Колку време за слободно движење ќе имаат граѓаните претстојниот викенд, утре ќе одлучуваат Комисијата за заразни болести и владиниот кризен штаб. Дали ќе има намалување на полицискиот час според Филипче ќе зависи од утрешниот здравствен билтен на новозаболени со Ковид-19. Министерот за здравство се надева дека денешната повисока бројка од 33 заразени е само варијација.
„Утре ќе одлучуваме за регулирање на полицискиот час за време на викендот. Во сабота пак, на кој начин ќе има олабавување и на останатите рестриктивни мерки“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
Засега се уште не е прецизирано кога клиниките ќе ги отворат вратите за пациентите и на кој начин ќе работат амбулантите. Здравствените власти најавија промени во Мој Термин, а веќе правеле и листа за пациентите чии хируршки интервенции беа одложени поради корона кризата.
„Веќе се прават листи на одложените пациенти за операции, тие ќе имаат приоритет. Но за сите тие што ќе доаѓаат на интервенција прво ќе им се прави тест за присуство на Ковид-19“, вели Филипче.
Државниот здравствен и санитарен инспекторат ќе праи проверка во Велес зошто во овој град има толку голем пораст на новозаболени од корона вирусот. Инаку, денешната статистика регистрира 22ца оздравени и еден смртен случај. На пат кон Инфективна почина 70-годишен велешанец, кој пред три дена бил хоспитализиран во тамошната болница. Има 33 новодијагностицирани од кои најголем број се во Скопје. На респиратори се пет пациенти хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8ми Септември“.