Британската влада планира да воведе задолжителен 14-дневен карантин за мнозинството патници кои влегуваат во земјата, објавија локланите медиуми денес, иако има се поголем притисок за олабавување на рестриктивните мерки воведени во борбата против коронавирусот.
Освен за патниците кои доаѓаат од соседна Ирска, сите лица кои ќе пристигнат во Велика Британија со авион, воз и брод ќе мора да бидат во двонеделен карантин, објави Тајмс.
Ќе се проверува адресата на патникот, а ќе бидат предвидени и казни од 1.000 фунти (1.100 евра) или протерување, пишува весникот, во кој се наведува дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе ги претстави тие мерки утре.
Цитирајќи извори блиски до властите, британската телевизиска мрежа ББС објави дека двонеделниот карантин ќе стапи на сила на крајот на мај.
Во Велика Британија, од коронавирус починале 31.241 лица, а таа земја е втора во светот по САД по бројот на загинати.