Колумбиската авиокомпанија Avianca Holdings, втората по големина латиноамериканска компанија и една од најстарите во светот, поднесе барање за банкрот.
До банкрот дојде по крајниот рок за исплата на обврзниците, а колумбиската влада не одговори на нивните барања за помош.
Ако не успее да излезе од банкрот, Avianca ќе биде една од првите најголеми превозници во светот што не успеа поради пандемијата на вирусот, пренесува Guardian.
Avianca не работи на редовни патнички летови од крајот на март, а повеќето од 20.000 вработени немаат добиено плата од почетокот на кризата. Претставник од компанијата рече дека компанијата сè уште се обидува да обезбеди државни заеми.