Туристичката сезона во Грција веројатно ќе започне на 1-ви јули. Хотелиерите во северниот дел од земјата сакаат да се отворат повеќе гранични премини пред почетокот на сезоната, но од владата велат дека не се подготвени да отворат повеќе од четири.
Заменик министерот за областа Македонија и Тракија, Теодорос Караоглу, изрази загриженост во однос на состојбата на граничните премини во северниот дел од земјата и прашањата поврзани со отворањето на границите.
Во разговорот со државната новинска агенција Амна во вторникот, Караоглу предложи отворање само на четири гранични контролни пунктови кои ја имаат потребната инфраструктура за спроведување на царински проверки. Тој предложи отворање на Кристалопиги, Евзони, Промахонас и Кипи, кои ја поврзуваат Грција со Македонија, Бугарија и Турција.
Во исто време, хотелиерите чекаат на конечна одлука за отворање на границите бидејќи околу 8 милиони туристи ја посетиле Грција минатата година.
Сојузот на хотелиери истакна дека посетителите и туристите треба да направат тест за COVID-19 во својата земја и да не бидат предмет на посебна постпака кога влегуваат во Грција.