Дали размислувате да започнете со трчање, но чувствувате дека не знаете доволно за овој спорт?
Вонредната состојба, пандемијата, затворените сали и теретани не се изговор да не вежбате и да не бидете физички активни. Трчањето е одлична можност да почнете да се враќате во форма!
Она на што треба прво да обрнете внимание е изборот на патики за трчање. Тука не смеете да правите компромиси, бидејќи последиците од лошиот избор може многу скапо да ве чинат.
Неудобните и нестабилни патики можат значително да ви го отежнат трчањето и да доведат до повреди, што во никој случај никој од нас не го посакува.
КОЈ Е НАЈДОБРИОТ ИЗБОР НА ПАТИКИ ЗА ТРЧАЊЕ ЗА ПОЧЕТНИЦИ?
Магдалена, маркетинг специјалист во Asics детално објаснува како правилно да изберете патики за трчање:
Внимавајте на мекоста и висината на ѓонот
За почеток, изберете патики со помек и повисок ѓон, за подобра амортизација. Патики со потенок ѓон препорачливо е да почнете да носите кога ќе го усовршите трчањето на попрофесионално ниво.
Патиките за трчање мора да ви бидат совршено точни – ни помалку ни повеќе!
Постои „мит“ дека патиките за трчање треба да бидат за еден број поголеми од регуларниот број кој вообичано го носите. Тоа е апсолутно неточно. Патиките треба совршено да одговараат на должината на вашите стапала, а сепак да му овозожуваат на вашето стапало комфор и доволно простор.
Избегнувајте премногу флексибилни патики за трчање
Стабилноста на вашето стапало е многу важна. Премногу флексибилни патики ќе ги натераат вашите мускули уште повеќе да се напрегаат, што многу ќе ви го отежни трчањето.
Изберете патики кои ви се допаѓаат
Бојата, обликот, материјалот, мора да ви се допаѓаат. Ова нема голема поврзаност со перформансот и техниката, но со сигурност ќе ви ја зголемат волјата и мотивацијата за трчање.
Уште еден важен факт кој најголемиот дел од почетниците не го знаат е - доколку сакате правилно да трчате мора да имате минимум два пара на патики за трчање. Еве зошто:
1. Патиките ќе ви траат подолго
2. На пената од која е направен ѓонот на патиките и се потребни минимум 24 часа да се регенерира, односно да се врати во првобитниот облик по трчањето и да му обезбеди максимум поддршка на вашето тело на следното трчање.
3. Пожелно е на вашето тело да му дадете повеќе опции.
Како треба да изгледаат вашите следни патики за трчање? – Погледнете во видеото: