Владата на Велика Британија ќе вработи уште 21.000 медицински работници како дел од програмата за следење на здравјето на луѓето кои биле во контакт со заразени со коронавирус.
Во изминатите 24 часа, 160 лица починале како резултат на инфекција на коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата достигна 34.796.
Министерството за здравство соопшти дека во истиот период се заразени уште 2.684 лица, а во моментов вкупниот број на регистрирани случаи позитивни на коронавирус е 246.406.
Тестирани се уште 100.678 примероци за коронавирус за вкупниот број на тестови да достигне 2.682.716.
Велика Британија има наjголем број на смртни случаи како резултат на инфекција со коронавирус, веднаш после САД.
Рестриктивните мерки кои беа воведени во земјата на 23 март постепено се олеснуваат уште од 13 мај.