ИВЗ уште вчера објави дека нема да го почитуваат полицискиот час за време на претсојниот викенд кога е празникот Рамазан Бајрам, заради што денеска донесоа дополнителни мерки кои бараат да бидат спроведени од страна на верниците и џамиите.
Исламската верска заедница денеска соопшти дека нема да се одржи традиционалната манифестација за празникот Рамазам Бајрам. Откажана е од страна на Ријасетот заради актуелната состојба со корона вирусот. Главната препорака се однесува на однесувањето на верниците во џамиите, па од ИВЗ велат молитви да се практикуваат најмногу во дворовите на џамиите. Истовремено препорачуваат задолѓителна дезинфекција при влез во џамиите, а верниците со себе да си понесат седеџе.
ИВЗ информира дека тоалетите и местата за земање абдест ќе бидат затворени. Дел од мерките кои се задолжителни за секоја џамија се сабах намаз да се извршува дома, извршувањето на намазот на Фитр бајрам да не биде подолго од 15 минути, да нема никакви поздрави со физички контакт, да се откажат посетите на гробишта, за време на Фитр бајрам, традиционалните посети треба да бидат што е можно помалку, задолжителна дезинфекција на џамиите, задолжително носење маска, се забранува престој во групи пред или по обавување на молитвите во џамиите.