Најголемата пиварница во Чешка, Pilsner Urquell, денеска секое второ пиво ќе го дава бесплатно.
Од денеска баровите и рестораните во Чешка се повторно отворени, а пиварницата Pilsner Urquell реши да го прослави реотворањето така што секое второ нарачано точено пиво ќе биде бесплатно.
Баровите и рестораните беа затворени во Чешка од средината на март заради спречување на ширење на коронавирус.