После два месеци изолација и социјална дистанца, во кои се уверивме дека во најголем број од случаите можеме многу ефикасно работата да си ја завршиме од дома, сфативме дека Zoom состаноците не се кошмар и дека можеме да „пиеме“ виртуелно кафе со колегите (иако не е тоа – тоа) благодарение на олеснувањето на мерките во последните неколку недели, полека се враќаме во канцелариите.
Но, како во пракса изгледа враќањето во канцелариите што ги напуштивме пред неколку месеци? Дали сè оди непречено или нештата не се толку едноставни како што изгледаат? И како изгледа „новото нормално“ во работното опкружување?
Нашиот партнер, хрватскиот МојПосао, овој четврток, на 4 јуни, во 10 часот, го организира вториот регионален вебинар, овој пат на тема „Влијанието на коронавирусот врз HR секторот и „ новото нормално“ на работното место“.
HR eксперти од регионални компании од Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија и Хрватска ќе откријат како коронавирусот влијае на нивните компании и одделенијата за човечки ресурси и како изгледа „новата нормала“ на работното место од нивна перспектива.
Исто како и досега, регистрацијата за вебинарот е БЕСПЛАТНА, а можете да се регистрирате преку овој ЛИНК.
Се гледаме во четврток во 10 часот!