Во Црна Гора е исполнет и најстрогиот критериум, кој гласи дека „епидемијата се одјавува кога нема да има нови случаи на инфекција во двократен период на траење на инкубацијата“.
До вчера, Црна Гора веќе 28 дена официјално нема регистирано нови случаи на заразени со коронавирус.
Според Институтот за јавно здравје, во неделата се направени 86 нови тестови на коронавирус, а бројот на активни случаи и натаму останува нула.
Од друга страна, македонските државјани веќе не се на листата на Црна Гора за слободен влез во земјата без задолжителен карантин.
Тоа значи дека секој што сака да ја посети Црна Гора, ќе мора претходно да оди во задолжителна 14-дневна изолација.
Институтот за јавно здравје на Црна Гора еднаш неделно ќе ја ажурира листата на земји од каде што ќе дозволи влез во земјата без задолжителен карантин. Правилото за слободен влез е максимум 25 заразени на 100.000 жители.