Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пред една недела донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се намалија во просек за 0,69 проценти.
Според последната одлука, малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-08 се намалија за 0,50 денари за литар и нивната цена изнесува 57,00 денари за литар односно 59,00 денари за литар.
РКЕ минатата недела ја намали и цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 0,50 денари за литар и неговата цена изнесува 49,00 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана иста, односно 37,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 0,167 денари од килограм и истата изнесува 23,260 денари за килограм.
Овие цени ќе важат до денес, а РКЕ во текот на денот ќе го објави новиот ценовник кој ќе важи од вечерва на полноќ па во следните седум дена.