Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 3,23%.
Од ноќеска на полноќ на сила стапи новата цена на горивата во Македонија.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/литар.
Новите цени ќе важат до понеделник кога Регулаторната комисија за енергетика повторно ќе одлучува за цената на нафтените деривати.