Времето денеска попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.
Во Скопје, во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 27 степени.
Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.