Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил сподели видео од храброто момче Онур кое го победи ракот. Ѕвоното во хемато-онколошкото одделение го означи овој момент.
„Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот“, пишува министерот Венко Филипче.