Филипче: Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19
Домашна картичка ќе добијат и 4.394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19. На нив им следува 40 отсто од последната основна нето-плата, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.
-Како што ветивме никој нема да биде заборавен. Тука се вклучени вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19, наведува Филипче.